ВО СКОПЈЕ ДОАЃААТ – ПИНГВИНИ!

////

После долгогодишните очекувања и најави, на пролет, следната година во скопската зоолошка градина за прв пат ќе бидат донесени пингвини. Пингвините требаше да дојдат многу порано, но, за жал како што кај нас одат работите, минатата година изградбата на живеалиштето планирано за нив одеднаш беше стопирана.

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, изјави дека сег аконечно се надминати баналните причини поради кои живеалиштето за пингвините не било изградено на време:

„Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што  е ветено, да не го видат. Нашата цел е да направиме  европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на Град Скопје и неколку поголеми македонски компании ќе направиме напори живеалиштето да биде готово до пролет“, рече Галетановски.





Претходна статија

СУДОТ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ

Следна статија

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА : ДОГОВОРОТ Е РАТИФИКУВАН, РЕФЕРЕНДУМОТ Е КОНСУЛТАТИВЕН

Најново од Вести