|

Израелската офанзива требаше да започне викендов, армијата соопшти зошто е одложена

Повеќе од 600.000 жители на северниот дел на Појасот Газа избегаа на југ откако израелската војска ги повика да го сторат тоа пред копнена офанзива, изјави портпаролот на израелската војска.

Портпаролот на израелската армија Арија Шаруз Шаличар изјави дека лошите временски услови не се причина за одложување на копнената офанзива против исламистичката организација Хамас во Појасот Газа. Не, апсолутно не, изјави Шаличар за германската телевизија АРД.

Тој посочи дека една од главните причини за одложувањето е да се дозволи повеќе палестински цивили да стигнат до јужниот дел на Појасот Газа за да не бидат изложени на ризик за време на копнена офанзива на северот од крајбрежниот појас.

Околу 1,1 милион луѓе живеат во северниот дел на Појасот Газа.

Според непотврдени извештаи на медиумите, копнената офанзива била планирана за овој викенд, а Њујорк Тајмс во саботата објави дека доцнела поради облачното небо и слабата видливост за пилотите и беспилотните летала. Шаличар повика на поголем притисок врз Египет да ги прифати бегалците на границата со Газа.

„Не сакаме да умрат невини луѓе – особено не жени, деца или постари лица. Сакаме да го уништиме Хамас, да ги казниме за она што го направија минатата сабота. Елиминирањето на терористичката група Хамас одговорна за саботните напади е „голема цел, тешка цел“, нагласи Шаличар.



Слични Објави