|

Израелските медиуми: Границата со Газа на 7 октомври ја чувале само 600 војници

За време на нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, границата на Израел со Појасот Газа ја чувале околу 600 војници на израелската армија (ИДФ), објави израелскиот Канал 12.

Според извештаите, ИДФ вежбала одбивање на напад на Хамас од два правци, но вистинскиот напад се случил на 60 различни точки, пренесува „Д тајмс оф Израел“.

Борците на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 250 луѓе во нападот врз Израел.



Слични Објави