ИЗВЕДБА НА МОНОДРАМАТА „ЏАНКИ“ ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Истакнато Култура

Монодрамата „Џанки (… ајде да не зборуваме за очајот)“ утре (31 јануари) ќе биде изведена во Кинотеката на Македонија. Текстот и режијата се на Југослав Петровски, а настапува Горан Николов. „Оваа монодрама е инспирирана и претставува спој на неколку вистински животни исповеди, навистина трогателни, хаотични, приказни кои можел да ги смисли и спроведе во дело само ѓаволот лично. Во монодрамата се говори сурово, се става ’живо парче месо‘ пред публиката, не се морализира, и ништо не се кажува во ’бели ракавици‘. Во оваа монодрама животот е онаков каков што навистина е“, е наведено во најавата за претставата чија премиера се одржа на 25 декември минатата година. Претставата се реализира со поддршка од Министерството за култура.