|

Извозот и увозот бележат раст, трговскиот дефицит се продлабочува, Бугарија го држи третото место како извозен пазар

Извозот на стоки од Република Северна Македонија во јули достигна 666 милиони евра, што претставува зголемување од 4,41% во однос на истиот месец минатата година. Количински, извезените стоки останале на речиси исто ниво како лани, со минимален пад од 0,4%.

Увозот на стоки, пак, во истиот месец пораснал за 4,08%, надминувајќи 985 милиони евра.

Во периодот јануари–јули, вкупниот извоз изнесува 4,7 милијарди евра, што е пораст од 3,11%. Увозот во истиот период надмина 6,6 милијарди евра, бележејќи раст од 3,08%.

Како резултат, трговскиот дефицит за првите седум месеци годинава надмина 1,95 милијарди евра, што е зголемување од 1,6% или околу 30 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз во овој период изнесува 70,7%.

Анализата по земји покажува дека Германија останува најзначаен партнер, со извоз вреден 222 милиони евра, што претставува 33% од вкупниот извоз во мај. Вредносно е забележан благ пад од 0,8%, но количински извозот кон Германија се зголемил за 16%.

Србија е втор најголем извозен пазар (6,1% од вкупниот извоз), со 40,6 милиони евра, што е раст од 22% во однос на истиот месец минатата година. На трето место е Бугарија, со извоз од 38,5 милиони евра, кој бележи пад од 8,22%.



Слични Објави