Ј. АНГЕЛОВ (ВМРО): ДЕНЕСКА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО РАТИФИЦИРА ВЛЕЗОТ НА БРАТСКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, А СОЦИЈАЛИСТИТЕ ГИ НЕМА ВО САЛАТА
Пратеникот на ВМРО во бугарскиот парламент Јулијан Ангелов го осуди отсуството на Бугарската социјалистичка партија од гласањето за ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во НАТО. Ангелов истакна дека внатрешните конфликти не можат да бидат оправдување за БСП, кога се работи за заштита на бугарските национални интереси. Според Ангелов и ВМРО, безбедна и напредна братска Македонија е еден од главните бугарски интереси. Ангелов кој цело време ја нарекуваше нашата земја Македонија, подвлече дека Бугарија ќе продолжи да и помага на Македонија во добро и лошо и нема да користи уцени. Бугарскиот пратеник потсети дека единственото нешто што треба да се направи е спроведувањето на договорот за добрососедство од двете страни на границата. Погледнете го целото обраќање на Јулијан Ангелов:
