ЈА ЗАДАВИЛ ДЕВОЈКАТА ЛЕКАРКА ЗАТОА ШТО МИСЛЕЛ ДЕКА ГО ЗАРАЗИЛА СО КОРОНАВИРУС

/

Медицински работник во Сицилија ја задавил својата девојка лекарка, по што и рекол на полицијата дека го сторил тоа затоа што му пренела коронавирус, соопштија обвинителите, јавува „Дејли мејл“.

Лорена Кваранта (27) била пронајдена мртва откако нејзиното момче Антонио де Пејс наводно повикал полиција и рекол дека ја убил.

Двајцата работеле во Месина, Сицилија, но биле повикани да помогнат во епидемијата на коронавирус.

Според италијанските медиуми, Антонио повикал полиција и признал дека ја убил својата девојка.

Полицијата веднаш ја известила брзата помош, која го пронашла Антонио на подот на станот, со пресечени вени.

Тој бил спасен од колегите на Лорена во болницата, а полицајците биле шокирани кога им рекол дека ја убил затоа што му пренела коронавирус.



Според првите резултати од тестирањето, ни тој ни неговата девојка немале коронавирус.

Само неколку дена пред смртта, Лорена објавила вест за трагичната смрт на 41 лекар за време на пандемијата на коронавирус.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ТОВАРЕН ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ПРУГАТА КАЈ МИРАВЦИ ОТКАКО УДРИ ВО ОДРОН ОД КАМЕЊА

Следна статија

УШТЕ ТРОЈЦА ОД ПЕРСОНАЛОТ НА БОЛНИЦАТА „ПЛОДНОСТ“СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА ВИРУС

Најново од Вести