ЈАБОЛКОВ КЕКС СО ЦИМЕТ И ОРЕВИ

//

Состојки:
115 гр. стопен путер
200 гр. шеќер во прав
1 јајце
125 гр. брашно
½ лажичка сода
1 лажичка цимет
125 гр. јаболка, излупени и рендани
115 гр. мелени ореви

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте сад за печење и посипете го со брашно. Измешајте го стопениот путер, шеќерот и јајцето во голема чинија. Додадете го брашното, сода бикарбоната, циметот. Измешајте ги двата дела додека не добиете тесто. Додадете јаболка и ореви. Истурете ја смесата во подготвениот сад за печење. Печете во загреана рерна додека не се испече или околу 40 минути.

На здравје!



Претходна статија

ЗАХАРИЕВА: НЕОПХОДНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРИФАТИ ИСТОРИСКАТА РЕАЛНОСТ

Следна статија

ШТО ВО СУШТИНА ЗНАЧИ ЛОВОТ НА ВЕШТЕРКИ И КОГА СЕ ПОЈАВИЛ

Најново од Истакнато