ШТО ВО СУШТИНА ЗНАЧИ ЛОВОТ НА ВЕШТЕРКИ И КОГА СЕ ПОЈАВИЛ
Замислете за момент дека сте во Европа од 17 век: Вие сте вдовица која живее во мала куќа што ви ја оставил сопругот. Имате мала парцела со градина. Вие сте богобојазлива жена ја посетувате локалната црква толку редовно колку што ви дозволуваат старите коски, не верувате во ѓаволот, но не верувате и во разните приказни за вештерки кои ноќе се среќаваат сатаната во шумата и прават магии.
Во последно време, набљудувате како луѓето од вашата заедница се носат кај владиката на суд, каде што, според гласините, тие се обвинети за паганство. Но, не мислите дека имате од што да се плашите. Додека едно утро вооружените луѓе на владиката не се појават и во вашата куќа за да ве одведат и вас.
Вие ги извршувате нивните команди тивко и без отпор; сето тоа е грешка, се разбира. Наскоро работите ќе се подобрат, мислите, додека ве водат преку главната улица во селото, покрај куќите на вашите пријатели и соседи, кои ве гледаат сомнително од нивните прозорци. Отпрвин се чувствувате само засрамени, но потоа се сеќавате дека и сопругата на мелничарот била однесена на сличен начин, а таа милата е прогласена за вештерка. Тогаш почнувате да чувствувате страв.
Во салата има три судии и службеник кои се одговорни за постапките во судницата. Вашето име се додава во записникот пред да бидат покренати обвиненијата против вас: соседката со која се познавате многу години им пријавила на црковните власти дека заради вас нејзиното кравјо млеко станало кисело. Таа и нејзиниот сопруг, земјоделец, исто така ве обвинуваат дека сте им донеле влажно време што им ја уништило жетвата и сте ги разгориле телесните желби кај нивните две ќерки, со тајнствени чаеви направени од тревките во вашиот двор. Судот ви кажува дека не ви треба адвокат или заштита, бидејќи вештерството се смета за екстремно злосторство.
Се разбира, негирате дека сте вештерка и дека сте сториле било какво лошо дело. Апсурдно е, велите, што никогаш не сте им направиле ништо на овие луѓе, кои можеби се само злобни, да ве обвинат толку невнимателно. Вашето одрекување е забележано, но судот смета дека вештерството е исклучително сериозно кривично дело, па затоа ви нуди помилување во замена за целосно признание. Сепак, вие продолжувате цврсто да ги негирате обвинувањата, па затоа ве носат во ќелија за понатамошно испрашување. Таму, судијата ве тера да се соблечете гола за да бара магични знаци на вашето тело. Ве мачат неколку дена и вие признавате за да ја прекинете тортурата. На следниот ден во носат на клада, каде ќе бидете изгорена.
Ловот на вештерки не започнува за време на Реформацијата, но бил најкарактеристичен за овој период: за време на тектонската борба помеѓу моќните католички и протестантски цркви, кои се труделе да го исчистат својот народ од еретички учења и да ја докажат својата надмоќ над другата вера. Во тие борби само претставниците на највисоката аристократија биле безбедни.
Колку и да ви изгледа чудно, во темните средни векови, вештерството не се казнувало со горење на клада. Обвинетите во вештерство поминувале извесно време во затвор, а потоа биле казнувани со парични глоби. Ова се сменило во 12 век, кога била формирана римокатоличката Инквизиција, првично за справување со секуларните религии кои се одделувале од црквата и сега се заканувале на власта во Рим. На почетокот на 14 век, инквизицијата ги проширила своите овластувања и само повремено се занимавала со лов на вештерки.