| |

ЈАНАКИЕСКИ СЕ ПОЖАЛИ: „ГРУЕВСКИ ГО НЕМА ЗА ЖАЛ“

„За жал Груевски го нема, јас ливче немам потпишано за овој предмет“, рече поранешниот министер, Миле Јанакиески во судница, додека се чекаа решенијата за адвокатите по службена должност кој им ги додели судот на четворица обвинети,чии адвокати не дојдоа на судење за случајот ТНТ, за незаконското рушење на комплексот Космос на Фијат Цаноски, јавува Фокус.

Јанакиески побара од судот како сведоци да може да ги испитува Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски за јавноста да ја дознае вистината.

Сепак судот не му дозволува на Јанакиески да ги предложи овие двајца оштетени како сведоци,бидејќи биле присутни на судењата.



Слични Објави