| |

ЈАНЕВА: ДОЈДЕНА СУМ ДА ДАДАМ ИСКАЗ СО ЦЕЛ ДА ПОМОГНАМ ДА СЕ ЗАБРЗА ИСТРАГАТА

Специјалната обвинителка Катица Јанева изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет” во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени.

Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет”.

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева.

Извор: Макфакс

Слични Објави