| |

ЈАНЕВА СО КРИТИКИ ЗА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

„Дали е ова порака повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на високата корупција на начин како што го правев тоа јас и Специјалното јавно обвинителство, бидејќи на крајот ќе биде предмет на преиспитување, пост фестум. Ова е едно од прашањата кои ги поставила поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, а се најде во низата забелешки што ги испратила до Државниот завод за ревизија кој денеска го објави извештајот за исплатата на додатоците што се делеле во поранешното СЈО.

Јанева е во домашен притвор и ја чека правосилноста на пресудата за случајот „Рекет“ во којшто беше осудена на седум години затворска казна. Забелешките ги испратила кон крајот на јуни по скандалот што се случи во оваа институција кога Јанева се соблекла во знак на револт бидејќи без да биде известена била насилно однесена кај ревизорите. Сепак во конечниот извештај ДЗР нотира дека во СЈО незаконски се исплатени додатоци во износ на 4,5 милиони евра.“

Прочитајте повеќе во Фокус.

Слични Објави