ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ИГОР ЉУБОВЧЕВСКИ-ЉУБАЦ И ГОРДАНА ВИНЧИЌ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВАТ МАКЕДОНИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕНТРЕРИТМОС ИНТЕРНЕШНЛ ФЕСТИВАЛ”

Македонските музички уметници ”Трио Гразиосо”, М-р Кристина Палија (сопран), Д-р Невенка Дуковска (пиано), Памела Велкова (виолина) заедно со ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац” ќе ја претстават Македонија на „Ентреритмос Интернешнл Фестивал”, кој годинава по 9-ти пат се одржува во Мароко.

Тоа е еден од најистакнатите фестивали кои промовираат мир и соживот помеѓу различни култури. Македонија учествува на овој фестивал за пети пат. Поради епидемијата на коронавирусот COVID-19 Концертот на нашите уметници ќе се одржи во една од салите за културни настани во кралската винарија ”Кралица Марија”, во Демир Капија на 1-ви Октомври, 19.00 часот.

Настанот ќе биде реализиран во нашата земја во живо заедно со видео снимка и онлајн учество, а ќе биде проследен и во Мароко. Поради ограничениот број на гости бројот за резервации е 043 446 500.



Слични Објави