ЈАНУШЕВ: ЗАЕВ И РАШКОВСКИ СЕ ЛЕТНАТИ ВО ОБЛАЦИ СО КРИМИНАЛОТ, ПА УШТЕ ХЕЛИХОПТЕРИ ИМ ФАЛАТ
„Зоран Заев и Драги Рашковски се летнати во облаци. Зајдоа во криминал и корупција па уште хелихоптери им фалат.
Срамно и жално. Нема поблаг израз за да се опише односот на Заев и Рашковски кон медиумите, граѓаните и сопствената држава.
Ги лажат и новинарите и јавноста дека фирмата стара 24 дена пред да биде распишан тендерот всушност конкурирала за монополскиот бизнис за да нема никаков ќар.
Ако ова не е потценување и понижување и на медиумите и на граѓаните, тогаш навистина не знаеме што е. Има ли бизнис што го почнале Вице Заев или Трајче Заев, а знаеле дека во него нема профит ? Ете во тоа не убедуваше вчера Рашковски. Дека било нормално фирма да влезе во бизнис, без да има добивка. Доколку државата нема никаков трошок, а фирмата сама треба да се грижи за покривање на трошоците, зошто тогаш на фирмата би и требало јавно приватно партнерство, а не би стартувала сама?
Да не се лажеме, Заев и Рашковски се кријат. Ги кријат фактите мислејќи дека јавноста ќе престане да прашува каде ќе завршат 72 милиони евра. Да не беше се како во бајките на Заев и Рашковски и приватниот партнер да сакаше без профит да помага, немаше да држат брифинг без камери, туку ќе излезеа на прес конференција и ќе ги кажеа деталите од договорот“, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.