СВЕДОЧЕЊЕ: ЖИТЕЛИТЕ ОД ПУСТЕЦ ГИ СЛИКАВМЕ ЗА ЛИЧНА КАРТА БЕЗ ДА ЈА ИМААТ ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА!
Еден од сведоците на денешното судење за случајот „Титаник“, која била вработена во МВР, во одделот за издавање на лични карти, појасни како кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 година биле сликани граѓани од Пустец, Мала Преспа, без да ја поседуваат потребната документација, а за добивање на лична карта од Скопје, јавува Фокус.
-Од редовната процедура беше отстапено во периодот од крајот на 2012 година до почетокот на 2013 година. Во тој период мојата началничка ме повика и ми кажа дека треба да бидат сликани лица кои во моментот нема да ја имаат потребната документација. Ми кажа дека наредбата стигнала од Кирил Тодоровски, советник на тогашната министерка Гордана Јанкулоска, рече сведокот Оливера Димчева.
Целиот напис прочитајте го овде.
