|

ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ВО ПОСЕТА НА ГРЦИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска пристигнува во Грција за да се сретне со официјални претставници од нашиот јужен сосед, се вели во соопштението на Алијансата, цитирана од атинскиот весник „Катимерини“.


Столтенберг ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос и со премиерот Киријакос Мицотакис и ќе одржи прес-конференција во 19:00 часот по локално време.
Генералниот секретар на НАТО ќе ја посети Атина по неговата посета на Рим. Тој се очекува да пристигне во Истанбул во петок.



Слични Објави