ЈО БАРА ПРИТВОР ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист.
Јовески тврди дека го прифатила влијанието на првоосомночениот во случајот Рекет, при што судот донел мерка домашен притвор за осмничениот Камчев. Првоосомничениот и 2 осомничениот во случајот Рекет барале 8 милиони евра од осмничениот Камчев, додаде Јовески.
Како што соопшти ОЈО на денешната прес-конференција, Јанева стекнала имотна корист од 298 илјади денари, односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.
Според обвинителите од ОЈО е одземен службенот компјутер на Јанева, а се врши претрес и во нејзиниот дом.
ОЈО собира докази за целиот кривичен случај и ќе ја прошири истрагата за сите инволвирани, вели Јовески. ОЈО постапува неселективно, подвлече Јовески.