ЈОРДАНОСКИ ОД ГДУ: ТРГНЕТЕ ЈА ПОЛИТИКАТА ОД БИГОРСКИОТ МАНАСТИР, БИДЕЈЌИ ТОА Е НАЈСВЕТОТО НЕШТО ШТО ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

„Жално е тоа што го читаме по социјалните мрежи, впрочем сиот тој гнев насобран и истурен врз дедо Партениј е скроз погрешен. Не е на мене да го бранам, нит па има потреба човек како него да брани некој. Доколку само погледнете што тој човек направил во последните 25 и сѐ уште прави е рамно на институција. Делата на тој човек се поголеми од сѐ, а тоа е дека помогнал и згрижил илјадници луѓе и токму поради него сме секаде препознатливи во светот, а особено во црковниот свет. Овој човек залужува многу почит, а не црна кампања поради неговото разбирање на историјата, за некој можеби погрешна, а за некого правилна, но тоа не е тема за плукање на социјалните мрежи, туку тема за дискусија, а не за црна кампања.

Доста го валкате името на овој човек кој е пример како му се служи на Бога и на народот, всушност погледнете ги неговите дела за овие 25 години од неговото служење и ќе видите каков подвиг направил.

Жалам што некој на негов грб тера политичка кампања црна или бела, но тоа се вредностите на 21-от век, каде му се суди на човека поради неговите погледи, а не по неговите дела. Секој има право на свое толкување и гледање на светот, но ваква црна кампања не заслужува ни најголемиот непријател, а камоли НАЈГОЛЕМИОТ и најчесниот човек во МПЦ. Дедо Партениј е прав пример како се сака својот народ и црквата со дела, а не со зборови и тоа го докажал во изминативе 25 години. Човек кој со својот подвиг ја кренал МПЦ, и создал бренд во црковниот свет каде Македонија е препознатлива, токму поради ликот и неговото дело.

Тргнете ја политиката од Бигорскиот манастир, бидејќи тоа е најсветото нешто што го имаме во Македонија!

ДОСТОЕН ДОСТОЕН ДОСТОЕН!!!“, стои во објавата на првиот човек на ГДУ во Охрид и носител на ИЕ5 Даниел Јорданоски.