ПО 17 ЧАСОТ ДЕНЕСКА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ИМА ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска изјави дека седницата на Владата на која ќе се решава каков ќе биде полицискиот час за продолжениот викенд е закажана за денеска во 17 часот.

„Сите одлуки кои досега ги донесовме беа во интерес на граѓаните и постојано ги следевме препораките на Комисијата за заразни болести“, изјави Спасовски.