Јотова: Албанија и РС Македонија треба да бидат одвоени во процесот на пристапување кон ЕУ
Албанија и Република Северна Македонија треба да бидат одвоени во процесот на пристапување во Европската унија (ЕУ). Ова го изјави потпретседателката Илијана Јотова во емисијата „Повеќе од денот“ на БНТ.
Во моментов немаме никакви претензии кон Албанија. Тие се предалеку и за нив многу лесно може да се отвори Меѓувладината конференција, што ќе го даде вистинскиот почеток на суштинските пристапни преговори, рече Јотова.
Таа додаде дека Бугарија нема да го даде својот глас за почеток на преговорите со Република Северна Македонија додека Бугарите не бидат запишани како државотворен народ во Уставот на РСМ. Не се работи само за запишувањето – се работи за многу строга контрола, да се почитуваат сите права, како на сите други граѓани во оваа земја.
Овде ќе бидеме особено внимателни бидејќи ние имаме должност кон овие луѓе. Од признавањето на Република Северна Македонија до 2021 година, кога претседателот Румен Радев за првпат остро го покрена прашањето за правата на Бугарите таму, постојат голем број наши документи, вклучително и билатерални договори, во кои темата за правата на Бугарите воопшто не се појавуваат, во ниеден облик. Освен тоа, тоа го нема ниту во Договорот за добрососедство, посочи потпретседателката.
Според неа, оваа грешка мора да се исправи. Јотова додаде дека Бугарија има многу лостови и надвор од ЕУ, вклучително и во Советот на Европа. РСМ е во пост-мониторинг режим и таму треба да си го најде своето место и оваа тема, додаде таа.
Според неа, самите луѓе треба да се обратат до Судот за човекови права во Стразбур, за „овие драстични случаи на кои сме сведоци во последната една година“.
Ставот на Бугарија е доволно цврст, но треба уште повеќе да се промовира и брани, да не има несогласувања во изјавите на бугарските политичари, коментира потпретседателката.