| |

Музичарите од РС Македонија Стефче Стојковски и Благојче Трајковски ќе бидат гости на концертот по повод 70-та годишнина на оркестарот за народна музика на Бугарското национално радио

Оркестарот за народна музика на БНР со концерт насловен „Ритамот на Балканот“ ќе прослави 70 години од своето постоење. Осмото издание на проектот ќе се одржи на 2 јуни во салата „Бугарија“, јавува Бугарското национално радио.

Гости на настанот се балкански музичари кои учествувале во проектот во претходните години. Меѓу нив се Ана-Марија и Маријан Мексикану (вокал и хармоника) од Романија, Сократис Синопулос (лира) и Хаиг Јазџијан (уд и вокал) од Грција, Дерја Тјуркан (кеменче) и Хакан Гунгур (канун) од Турција, Стефче Стојковски ( зурна) и Благојче Трајковски (кларинет) од Северна Македонија и Даница Крстиќ (вокал) од Србија. Диригент е Димитар Христов.

„Ритамот на Балканот за своите седум изданија се покажа како еден од најуспешните проекти на Оркестарот на народната музика БНР. Со рекорден интерес и гледаност на социјалните мрежи, ова е концертот кој е на пат да стане еден од најочекуваните годишни настани на Балканот“, коментираат од радиото.



Слични Објави