| |

Јотова: Безбедноста на Црното Море и поврзаноста на Балканот се клучни приоритети

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека безбедноста на Црното Море и поврзаноста на Југоисточна Европа се меѓу најважните приоритети во услови на војната во Украина и променетата безбедносна архитектура во Европа, јавува БГНЕС.

„Црно Море се утврдува како една од најважните точки на глобалната карта на безбедноста“, истакна Јотова, додавајќи дека регионот не треба да се гледа исклучиво низ воена призма, бидејќи е важен и за туризмот и за економскиот развој.

Таа нагласи дека поврзаноста е директно поврзана со безбедноста и развојот, посочувајќи дека Коридорот 8 има стратешко значење за Балканот. „Големата тема зошто Коридорот број 8 сè уште не е реалност е прашање не само на меѓудржавните односи, туку и на нашата национална политика“, рече Јотова.

Како важни инфраструктурни проекти ги издвои изградбата на трет мост над Дунав меѓу Русе и Ѓурѓево, како и развојот на Вертикалниот гасен коридор, кој треба да придонесе за поголема енергетска безбедност и диверзификација на снабдувањето со природен гас.

Јотова оцени дека, и покрај децениите европска интеграција, Балканот сè уште се соочува со сериозен недостаток на поврзаност. „Југоисточна Европа во моментов не е поврзана ниту по морски пат, ниту преку копнени коридори, а уште помалку преку железнички транспорт“, изјави таа, нагласувајќи дека подобрувањето на поврзаноста е клучно за поголема безбедност, економски раст и регионална соработка.

Слични Објави