ЈОЗЕФ ЈАКОБС- ГЕРМАНСКИОТ РАЗУЗНАВАЧ КОЈ БЕШЕ СТРЕЛАН ДОДЕКА СЕДИ НА СТОЛИЦА

Јозеф Јакобс ќе остане во историјата како еден од најчудните шпиони за време на Втората светска војна. Работи за нацистите, но пред да стане агент на Третиот рајх, бил војник, заболекар и дури криминалец.

Јозеф Јакобс е роден во 1898 г. во Луксембург. Неговите родители се германци, а самиот тој служи во германската армија за време на Првата светска војна. Јакобс добива медал за храброст „Железен крст“, но тврди дека никогаш не сакал да војува. По враќањето од фронтот станува заболекар и во 1926 г. се жени за Маргарет Кнофлер, со која има 3 деца. Во почетокот на 30-тите години Јакобс и Кнофлер се разведуваат.

Заради големата економска криза од почетокот на 30-тите години Јакобс го затвора својот стоматолошки кабинет и започнува да се занимава со криминал. Лежи 4 г. во швајцарски затвор, а во 1937 година се враќа во Германија, каде започнува да продава фалсификувани лични карти на евреи со кои тие полесно можат да избегат од нацистичкиот режим на Адолф Хитлер.

Уапсен е од полицијата и е испратен во концентрационен логор. Од таму е повикан да служи во германскиот вермахт.

Јакобс ја започнува својата служба во една од метеоролошките станици на германските военовоздухопловни сили- Луфтвафе. Неговата снаодливост и остар ум се забележани од германското разузнавање. Јакобс почнува обука за разузнавач и многу скоро разбира дека ќе треба да оперира во Англија.

Основниот проблем во оваа авантура на германското разузнавање е фактот дека Јакобс не го говорел англискиот јазик на одлично ниво, тоа понатаму во приказната ќе придонесе за нејзиниот брз и драматичен крај.

Мисијата на Јакобс не била помалку авантуристичка и дури може да се каже безумна. Германскиот разузнавач требало да испраќа информации во Берлин за временските услови во Англија. На 31 јануари Јакобс е спуштен со падобран во Англија, но по падот на непријателската територија разузнавачот го крши својот глужд.

Успева да ги сокрие нештата што можат да го поврзат со германското разузнавање, но болката поради скршениот глужд е неподнослива и на 1 февруари додека се наоѓа во близина на една фарма во Кембриџ, тој започнува да пука со цел да биде најден од страна на локалците.

Јакобс е пронајден од двајца фармери, кои веднаш пријавуваат во полицијата дека нашле повреден германец. Британското разузнавање МИ5 започнува своја истрага и неколку месеци по пронаоѓањето на Јакобс, преку својот агент во германското разузнавање Артур Овенс, дознава дека германецот е агент на германскиот Абвер.

Столицата на која се претпоставува дека седел Јакобс за време на неговото стрелање.

Јакобс е осуден на смрт и на 15 август е стрелан седнат на столица пред Лондонската кула (Tower of London).

Германскиот разузнавач ќе остане во историјата како последниот човек кој е егзекутиран пред таа историска зграда во Лондон и секако единствениот осуденик, кој е стрелан додека седи на столица, бидејќи не можел да стои прав поради повреда на ногата.

Потомците на Јакобс продолжуваат во своите обиди да го исчистат името на својот предок и да докажат дека тој никогаш не бил нацист.