ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ГИ НАДОГРАДУВА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ШУМАРСКИТЕ ПЛАНЕРИ

/

Шумите обезбедуваат голем процент од водата за потребите на: домаќинствата, земјоделието, индустријата, како во рамничарските, така и во планинските предели. Шумите на Балканот зафаќаат значителна површина: околу 40% во Република Северна Македонија, 39% во Србија, и 26% во Албанија, поради што тие имаат значително влијание при одредување на количината и регулирањето на тековите на површинската и подземната вода, во исто време придонесувајќи за квалитетот на водите за пиење. 

ЈП Национални шуми преку проектот “ГеМБалканс – Интегрирано управување со шуми во сливни подрачја” започна да ги надоградува капацитетите на шумарските планери од аспект на заштита на водните ресурси, како и заштита од поплави и ерозија.Интегрираното управување со водните ресурси е меѓусекторски пристап, дизајниран да го замени традиционалниот пристап за управување со водните ресурси,кој не е адаптиран на предизивиците со кои се соочуваме од апсект на климатски промени.  

Проектот има за цел да ги подобри праксите во планирањето на управување со шумите од аспект на подобрување на планирањето на шумската хидрологија во рамките на плановите за стопанисување во Република Северна Македонија и Албанија. Во рамките на проектот ќе бидат воспоставени две пилот-подрачја, едно во Република Северна Македонија и едно во Албанија на кои ќе се тестираат мерки за интегрирано стопанисување со шумите во сливни подрачја. Пилот подрачјето во нашата држава каде ќе се тестираат предложените мерки за заштита од поплави и ерозија е поставено на Скопска Црна Гора во сливот на Црешевска река, од каде што во 2016 тргна поплавниот бран кон селото Стајковци.



Со проектот ќе се делува на подигнување на свеста во општеството за да се зголеми разбирањето за екосистемските услуги кои ги даваат шумите во однос на водните ресурси. Исто така ќе придонесе во процесот на усоглаување на мерките за стопаниување со шумите во сливните подрачја со стандардите на ЕУ за кои е задолжено Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претходна статија

ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ ТОМЕ ГРУЕВСКИ

Следна статија

ПРАТЕНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Најново од Вести