ЈСП ПУШТИ ВО УПОТРЕБА БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ

/

ЈСП ги информира ги информира корисниците дека во употреба е пуштен билетот за едно возење.

Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на ЈСП Скопје.

Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компатибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори. 



Цената на останатите видови билети останува непроменета.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично. 

Претходна статија

ВИДЕО: ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МУМБАЈ, ЕВАКУИРАНИ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ЛИЦА

Следна статија

ГДУ: СО СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ПРАВДА „МАЛО СУТРА“

Најново од Вести