ЈУБИЛЕЈ: ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ СЛАВИ 70 ГОДИНИ
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 18 февруари ќе одбележи 70 години од основањето. Во седумте децении на развој и растеж на театарот главниот акцент беше ставен на домашното драмско творештво, со што стана бренд со врвни перформанси.
Годишнината на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде одбележана со манифестацијата „Недела на театарот“, која ќе се одржи од 17 до 23 февруари, а со која ќе бидат прикажани премиерата на претставата „Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски, проектот „Глумците пеат“ и пет претстави од тековниот репертоар.