Каевски: Преговорите со ЕУ се почнати, сите пратеници да се вклучат во процесот

/

Сега е време за конструктивност, сега е време да продолжиме по европскиот пат. Како држава која што ги започна преговорите со ЕУ очекувам сите пратеници да покажат конструктивност и да бидат вклучени во целиот овој процес, порачува Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

Тој додава:

Во овој период се додека трае мониторинг процесот, некаде помеѓу 12 и 18 месеци очекувам да се отвори широка дискусија со сите пратеници, со сите политички партии којшто се дел од Собранието се со цел државата да продолжи по европскиот пат.

Очекувам конструктивност од голем број на пратеници, дека ќе бидат наспроти деструкциите и блокадите којшто ги прави Христијан Мицкоски  и неговиот партнер Димитар Апасиев затоа што сега е време да покажеме дека заеднички можеме да се избориме да продолжи државата по европскиот пат, да продолжиме во целиот овој процес затоа што е важен и за државата и за граѓаните.



Јас очекувам во периодот што следи да се отворат и широки дискусии, разговори со сите поединечно се со цел државата да продолжи по европскиот пат оној којшто го избраа поголемиот број на пратеници во Собранието, оној пат позди којшто стојат и граѓаните и е во насока и во интерес на државата.

Предверемени парламентарни избори нема да има. Изборите ќе бидат редовни и ќе бидат 2024 година . Многу пати кажавме дека сега не е време за предвремени избори, сега е време за држават да оди напред, да го помине целот процес, да ги отвори поглавјата со ЕУ се со цел државата да продолжи да оди напред.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Трипуновски: Додека Николовски и Ковачевски тераат одмор, над 500 вработени во АД Водостопанство два месеци немаат земено плата

Следна статија

Почина жената од Неготино, која беше претепана од нејзиниот партнер

Најново од Вести