Конверзијата од левови во евра во Бугарија тече без сериозни проблеми
Во последната недела нема сигнали за нелојална трговска практика при конверзијата во евро, соопшти Владимир Иванов од Координацискиот совет за еврото во Бугариja. Проблемите од почетокот на јануари се надминати, јавува БГНЕС.
Плаќањата во левови завршуваат на 31 јануари 2026 година, а од 1 февруари ќе се плаќа само во евро. Над 58 проценти од паричниот агрегат е веќе повлечен од БНБ, а до крајот на месецот ќе има доволно евромонети.
„Бугарски пошти“ извршиле 20.900 операции без пријавени проблеми, а државата обезбедила дополнителни 25 милиони евра за размена. Комисијата за заштита на потрошувачите спровела 164 проверки, а Националната агенција по приходите– 2.774, со утврдени прекршоци и издадени казнени решенија.
Потрошувачката кошница изнесува 53 евра, со раст од 1,50 евра. БНБ соопшти дека нема оштетени евробанкноти на своите каси.
