Оставката на Радев е депонирана пред Уставниот суд на Бугарија
Оставката на бугарскиот претседател Румен Радев е депонирана пред Уставниот суд, а шефот на државата го очекува неговото изјаснување, јавува БГНЕС.
Вчера Радев соопшти дека се повлекува од претседателската функција.
Претседателот Румен Радев ја депонираше својата оставка пред Уставниот суд, кој треба да ја одобри. Во Основниот закон, сепак, не е наведено во кој рок уставните судии треба да се произнесат.

