Кафе, казни за превисока брзина и heavy metal… 5 работи карактеристични за Финска

/

Еве ги петте работи што се карактеристични за Финците.

Кафето е на пиедестал.

Финците пијат најмногу кафе во светот, околу 12,2 кг. по глава на жител, во споредба со Италијанците кои пијат „само“ 5,6 кг.  Тие уживаат во нивното “кави” во секое време од денот. Во земја со строги правила за пиење на алкохол и возење, овој пијалок е неизбежен дел од крштевките, свадбите, погребите, родендените или било кое вообичаено собирање на луѓе. Постои дури финска поговорка, која гласи: „Дури терорист може да биде запрен, но не и копнежот по кафето“.

Брзото возење е незамисливо.

Познати како едни од најбрзите во светот, финските пилоти од “Формула 1” се стекнаа со епитетот “летечки Финци”, откако победија и во неколку трки со спортски автомобили од Светскиот рели шампионат. Но надвор од патеката возачите внимаваат да не ја надминат дозволената брзина, бидејќи казните се пропорционални  со доходот на возачот. Во 2007  возач од Шведска бил казнет со 20 500 евра за управување на возило со 67 км. на час.

 Финците се „сису“.



Освен што се слават со својата воздржаност, Финците се исто така познати по својата издржливост. Тоа се должи на нивниот концепт „сису“. Во основата на овој концепт се храброста, одлучноста и упорноста пред лицето на заканата. Финците со „сису“ го објаснуваат фактот дека не потклекнале пред нападите на СССР за време на Втората светска војна. Тие живееле 6 века под шведско управување до 1809, кога Финска станува автономно Велико кнежевство на Руската империја до 1917, кога добива независност по падот на монархијата.

Хеви метал музиката е насекаде

Хеви металот е омилената музика на Финците. Apocalyptica, HIM, Nightwish и Amorphis се само некои од најпознатите бендови, кои се многу популарни и надвор од границите на Финска. Во 2006 година хеви метал групата Lordi позната со маските на чудовишта кои ги носи, стана првиот хард рок учесник, што го добил првото место на конкурсот „Евровизија”.

27 јули е националниот ден на спанкото. 

Според традицијата на 27 јули, тој што ќе се разбуди последен во куќата, ќе биде полиен со кофа вода или директно ќе биде фрлен во вода, која е во изобилство во Финска. Во земјата има 187.000 езера. Оваа традиција датира од средниот век и се базира на верувањето дека кој стане последен од кревет ќе биде мрзлив или нема да биде успешен во остатокот од годината. Празникот, кој е неофицијална прослава, и не е религиозен, се поврзува со легендата за седумте спанковци од Ефес – група млади луѓе кои во I век се криеле во пештера од гонењето на христијаните. Тие спиеле речиси 200 години во пештерата, и се разбудиле по крајот на прогонството врз христијаните.

Претходна статија

Зошто е тешко да го напуштите насилникот?

Следна статија

Д-р Е. Јусуфоски: Старите партии имаа можност да го подобрат македонското здравство, но за жал не го направија тоа

Најново од Истакнато