Што стана јасно по средбата во Клубот на пратеници
По средбата на македонската државна и политичка „елита“, стана јасно дека во Македонија ќе се смени само името на државата…
Сѐ останато ќе си остане исто.
Поголемиот дел од администрацијата ќе си остане прекрасна армија за гласање. Морковот и стапот ќе останат во употреба. Претседателот ќе продолжи да дава изјави, што можат да се протолкуваат на илјадници начини. Владата ќе продолжи да работи за „доброто“ на граѓаните, а пак опозицијата ќе нѐ убедува дека нејзиното „добро“ е подобро од „доброто“ што го нуди Владата.
Медиумите ќе продолжат да „свират“, така како што им е нарачано. Без разлика дали нивните вести личат на куртон или пак на лубрикант за полесна пенетрација во аналниот отвор на… ајде да не влегувам во детали.
Социјалните случаи… Е за нив, може и да се смени нешто. „Богатите“ ќе плаќаат повеќе данок и со тоа „повеќе“, сиромашните ќе почнат да живеат како цареви. Да бе!!! Не ви се верува, па зарем не сте слушнале за Робин Худ и неговата верзија за ептен сиромашни БранЧе Јовановиќ. Откако дегениве што работат по 12-14 часа дневно почнат да плаќаат повеќе данок, сѐ ќе се среди, ќе видите.
Партиските војници ќе си останат истите ограничени битија во која и боја да ги замислиш. Тука нема шанса за било каква промена, пошо просторот за делување кон подобро, е ограничен или пак воопшто не постои. Лепачите на плакати ќе си останат лепачи, па макар и станале интергалактични, а не државни функционери. Оти лепач на плакати не е детски сон за работно место (како ѓубраџија например), туку е начин на мислење и состојба на духот. Патолошка состојба.
Неопределените… тие ќе си останат во доброволниот домашен притвор и кога ќе им спомнеш дека тие се промената, ќе ти велат: „Не бе браат, мене политика не ме интересира“.
Децата (последни на списокот, пошо се најважни), тие милите нема да ни се лутат за името, ќе ни се лутат за земјата која ја уништивме со нашето молчење, додека „големите“ батки од власт и „опозиција“ си ја делеа како чоколадна торта.
Автор: Атанас Величков

