Трибуна ексклузивно дознава зошто Викторија Лоба бара македонски пасош

//

Нашиот портал од доверливи извори ја дозна главната причина, поради која познатата македонска пејачка Викторија Лоба поднела барање за добивање на македонско државјанство. Според нашите информации, таа сака да добие македонски пасош, за да има повеќе поволности при поднесувањето на документите за добивање бугарско државјанство.

Лоба изгледа е во тек со иницијативата на група бугарски пратеници, кои се залагаат за намалување на времето за чекање за добивање на бугарско државјанство, од страна на македонски државјани и токму поради таа причина таа сака со време да си ја почне процедурата за да се стекне со европска патна исправа.

Дали, откако ќе го добие бугарското државјанство, Лоба ќе направи дует со познатиот бугарски рапер Криско, останува да видиме.

(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови ? ).



 

 

Претходна статија

Двајца повредени по експлозија во Црна гора

Следна статија

Што стана јасно по средбата во Клубот на пратеници

Најново од Вести