| |

Кахремани: Беса отвора ново историско поглавје во политиката со седиште во Тетово

Членовите на Централното раководство и на Советот на Движењето Беса , кои го изгласаа Неџмедин Кахремани за вршител на должност претседател на партијата до одржување на Конгресот, вечерва отворија седиште на партијата во Тетово.

„Во ова ново седиште ќе комуницираме со сите, кои до вчера не беа пожелни во Беса. Од вечерва Беса отвора ново историско поглавје во политиката во Тетово. Овие простории не се на одделни кланови, реони или села, туку канцеларијата на Беса е за сите граѓани. Поделбите не се посакувани од никого, но кога ставот е различен, поделбата е неопходна. Имаме тука гости кои досега поради одредени поединци не нашле место во Беса. Но од денеска ви ветувам, во Беса ќе има место за сите“, порача Кахремани.  (Прочитајте го целиот напис овде)



Слични Објави