Како апликацијата Strava ги „обелодени“ тајните бази на американската армија

//

Мобилна апликација која се користи од страна на милиони тркачи и велосипедисти во светот за следење на нивните рути се најде во центарот на прилично сериозен проблем за тајноста на најобезбедуваните објекти на американската армија.

Во крајот на 2017 година, Страва објави карта на светот со визуелизација на местата каде што корисниците имаат највисока активност од омилени патишта за џогирање до рути за возење велосипед. Мапата има повеќе од милијарда податоци за активности, над 3 трилиони GPS точки и 27 милијарди километри рути за трчање, возење велосипед, пливање и сл.

Дури сега визуелизацијата на мапата го привлече вниманието на воените експерти – излегува дека од неа се гледаат детали од поставеноста на тајните бази и контурите на обезбедуваните објекти на американската армија во земји како Сирија, Авганистан, Ирак и др.

Од Strava велaт дека мапата ги вклучува само податоците за активност што самите корисници ги споделуваат – секој може да избере дали неговата активност да се прикаже во апликацијата или да остане во доверлив режим.



Споделувањето на јавната локација треба да биде ограничено за вработените во базите – но стотиците паметни телефони имаат мапирани совршени карти на локации што треба да се чуваат во тајност.

Strava соопшти дека тие посветено работат на тоа да им објаснат на своите корисници како да имаат подобра контрола врз информациите, кои ги споделуваат.

Претходна статија

РСБСП: Промени што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години

Следна статија

Двајца повредени по експлозија во Црна гора

Најново од Вести