| |

Како изгледа корупцијата во светски рамки?

Организацијата “Транспарентност без граници” го објави својот годишен индекс за перцепција на корупцијата за 2017-та година. Тој покажува дека повеќето земји не оствариле напредок во борбата за уништување на корупцијата. По опсежна анализа станува јасно дека многу новинари и активисти што живеат и работат во најкорумпираните држави, секојдневно ги ризикуваат своите животи, кога се обидуваат да зборуваат за корупцијата.

Во индексот е претставен рејтингот на 180 држави на база нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и луѓето од приватниот сектор. Користена е скала од 0 до 100 поени, при што 0 поени значи дека државата е силно корумпирана, а 100 поени- дека е “чиста”. Оваа година индексот откри дека повеќе од две третини од земјите имаат резултат под 50 поени, со просечна оценка – 43 поени. За жал, овој лош резултат не се менува во споредба со претходните години. Во 2017 година, Нов Зеланд и Данска се рангирани на првите две места со 89 и 88 поени. Сирија, Јужен Судан и Сомалија се на последните три места со 14, 12 и 9 поени.

Регионот со најдобри резултати е Западна Европа со просечна оценка од 66 поени. Регионите со најлоши резултати се наоѓаат околу пустината Сахара во Африка (просечна вредност 32 поени), Источна Европа и Централна Азија (просечна оценка 34 поени).

По 2012-та година неколку земји значително ги подобрија своите резултатите: Брегот на Слоновата Коска, Сенегал и Велика Британија. Други земји пак добија послаби оценки: Сирија, Јемен и Австралија. Земјите со најмала заштита на печатот и невладините организации имаат највисоко ниво на корупција. Во најкорумпираните земји, секоја седмица по еден новинар го губи својот живот.

 

Слични Објави