Како терористите од „Ал Каеда“ и „Ал Шабаб“ заработуваат од меѓународната хуманитарна помош
Терористичките организации “Ал Каеда” и “Ал Шабааб” заработуваат милиони долари годишно, преку искористувањето на меѓународната хуманитарна помош испратена за Сомалија од истите западни држави, кои се обидуваат да ги елиминираат овие терористичките групи.
Средствата се обезбедени директно од ОН и се наменети за луѓето местата зафатените од вооружени конфликти во самата држава. Во моментот голем дел таа помош се наоѓаа во рацете на најстарата терористичка организација во Африка.
Поранешните членови на “Ал Шабааб” и агенти на сомалиската разузнавање велат дека терористите заработуваат илјадници долари секојдневно преку блокади на патиштата и “оданочување” на трговците кои се обидуваат да ја транспортираат храната до градовите со висока концентрација на население.
Бегалците кои живеат во голем камп во централниот сомалиски град Бајода се проверуваат од ОН за врски со терористичките групи. Тие добиле дебитни картички преку кои добиваат меѓу 80 и 90 долари месечно за да купат основни добра од локалните трговци.
Според претставници на ОН овој систем за директни плаќања ќе ги оживее локалните пазари. Бизнисмените веќе возат камиони со храна и ја продаваат на отворени пазари во градовите како Бајода каде внатрешно раселените граѓани пристигнуваат секојдневно.
За да можат да поминат со својата роба преку блокадите, тие се принудени да плаќаат „данок“ на “Ал Шабааб”, која го контролира главниот пат кон градот. Поранешни членови на терористичката група и агенти на сомалиската разузнавање велат дека една блокада на патот кон Бајода им носи на терористите околу 5.000 долари на ден. Патот кон Бајода и главната артерија која ја поврзува престолнината Могадишу со богатиот земјоделски регион Шабелаха Хуусе се двата најголеми извори на финансирање за клонот на Ал Каеда во Африка.
