КАКОВ МОНСТРУМ ТРЕБА ДА БИДЕШ ЗА ДА ПУКАШ ВО КУЧЕ СО ВОЗДУШНА ПУШКА?!

//

Здружението за заштита на животните Про Анима Берово објави фотографии од куче во Пехчево со рани добиени од воздушна пушка. Од Здружението велат дека во кучето било пукано во присуство на жена и деца, кои истовремено ја поминувале улицата, со што и тие биле изложени на опасност .

„Вчера во Пехчево,некаде околу 16:00 часот, кучето на сликите, е пукано со воздушна пушка во момент кога поминувало улица.
Кучето има 5 рани,што укажува на повеќекратно изживување врз него.
Пукањето е извршено во присуство на жена и деца,кои истовремено ја поминувале улицата,со што и тие биле изложени на опасност.
Самите тие можат да го потврдат идентитетот на групата од која бил дел сторителот.
Веднаш е известен сопственикот на кучето.

Случајот од наша страна е пријавен во полиција,а сведоците дадоа изјава.
Иако,мора да нагласиме,таткото на еден од групата,во телефонски повик и се заканувал,како на неа,така и на нејзиниот сопруг,со цел да ги исплашат и одвратат од сведочење.

Исто така до нас стигна информација дека ова куче не била единствена “мета” на овие сторители.
И друг сопственик се пожалил на иста повреда кај неговото куче.

Кој проблем треба да го имаш за со воздушна пушка се шеташ низ населено место?
Што створ треба да си за некој што воопшто не ти згрешил да ти стане мета?
Дали не можете да се докажете на друг,па си ја покажувате силата на едно куче?
Што ќе беше ако не бевте прецизни па куршумот погодеше некој од присутните?
Чија е пушката?
Имате ли потврда или дозвола за поседување на оружје?
Ако не, кој ви ја дале пушката?
И за крај какви сте бе Вие родители,наместо да го прекориш своето дете за тоа што го има направено и да му укажеш на грешката,Вие се јавувате да се заканувате на луѓе?
Па такви родители не е ни чудно што израснале такви деца!
Срам да ви е!



Ние само едно ќе ви ветиме!
Ќе одговарате!
Не отстапуваме!
Не се плашиме!

Ги повикувме институциите во Пехчево и Берово да останат професионални и коректни како и вчера и така да ја продолжат постапката!

Исто така бараме од надлежните јасна и остра реакција за овој настан!
Бараме осуда за ваквиот чин на самоволие кое е противправно и казниво!
Бараме поголема превенција и контрола на благосостојбата како на луѓето,така и на животните“, велат од здружението.



Претходна статија

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ПОРАДИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЌЕ ПОДНЕСЕМЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Следна статија

ЖИТЕЛ НА ГОРНО КОЊАРЕ ОСОМНИЧЕН ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО И ЗА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Најново од Вести