| |

КАКВА УЛОГА ИМА МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО НАШАТА ДРЖАВА?!

Дали во нашата земја освен за амнестијата и уставните измени некој од владиниот сектор размислува за нешто друго, или најважно е што Претседателот потпиша?!

Премиерите на Р. Македонија и Р.Грција добија номинација за Нобелова награда за мир, или како што вели народот „Ноблесова награда“… Се остава впечаток дека демократијата во земјава е на многу високо ниво!

Иако забораваме на фактот дека општеството се повеќе ни тоне надолу, само се пумпаат политички поени и народот ни се дели на патриоти и предавници, паролата „нема правда, нема мир“ како да е минато свршено време. Забораваме на фактот дека тетовските студенти пред некој ден кренаа протест, незадоволни од условите за студирање на државните универзитети и корупцијата во високото образование. Па Министерството за образование излезе со соопштение дека студентите досега не посочиле или не доставиле никакви официјални барања за своите проблеми…

Овде се поставува прашањето каква функција има министерот за образование и наука во нашата држава?!
Дали студентите се администратори кои за своите проблеми ќе пополнуваат барања за своите проблеми а притоа не земаат плата?
Дали министерот не знае во какви услови живеат?
Дали не знае колку тендери има за нови учебници, а учебници нема?
Дали за две години власт никој не се заинтересира за академската младина во државава, па се остава впечаток дека наместо да напредуваат тие одат наназад?
Дали ако излезат на протести ќе им се подобрат условите?
До каде се реконструкциите на студентските домови?
Дали министерот има информација колку ученици се иселени од источна Македонија?
Дали воопшто имаме реформи во образованието г. Адеми?

Сакам да прашам дали треба да ни се повторат студентските немири од 2015, шарената револуција или жолтите елеци од Франција?

Во повеќе наврати ние од Граѓанско Демокраската Унија-ГДУ , ви предложивме ако не знаете како во образованието, тогаш да ги преземете моделите кои одлично функционираат во западно- европските земји и да ги имплементирате во нашето општество.
Но за жал ниту се јавува интерес, ниту волја, а уште помалку желба за работа во овој сектор.

Автор: Фросина Китановска, член на УК на ГДУ

Слични Објави