| |

Втор златен медал за Бугарија-Стојка Крстева е олимписки првак во бокс

Бугарката Стојка Крстева стана олимписки првак во бокс во категоријата до 51 килограми во Токио.

Крстева ја победи со 5:0 судиски гласови Турчинката Бусе Наз Чакароглу, која е актуелна европска шампионка и светска вицешампионка.

За Бугарија ова е втор златен медал на Олимписките игри во Токио, по медалот на Ивет Горанова во каратето и прв златен медал во историјата на женскиот бокс во Бугарија.

Еден ден пред крајот на Олимписките игри во Токио, бугарските спортисти освоија 5 медали:

2 златни: Ивет Горанова и Стојка Крстева- карате и бокс.

1 сребрен: Антоанета Костадинова- стрелаштво.

2 бронзени: Тајбе Јусеин и Евелина Николова-борење.




Слични Објави