|

Калевска -Ванчева: СДСМ останува против отворање рудници

Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ, изјави пратеничката  Снежана Калевска -Ванчева по владината одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

Пратеничката рече дека СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ванчева вели дека денес лицемерно глумат загриженост, се всушности тие се оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници.

„Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година и на таа одлука потпишан е Зоран Ставревски тогашен Заменик претседател на Владата и десна рака на Никола Груевски. Пред доделувањето на концесијата претходеле позитивни мислења од неколку државни органи, каде свој потпис ставиле Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство. Бидејќи се работи за постапка во три чекори позитивно мислење е дадено и од Владо Мисајловски, кој денеска е потпретседател на ДПМНЕ и близок соработник на Христијан Мицкоски. Затоа пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за рудникот во Иловица“, рече Калевска-Ванчева.

Зазклучи дека за разлика од таквиот однос на ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ постојано презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и само поради тоа рудниците не се отворени до ден денеска.



Слични Објави