|

Избодениот струшки началник е брат на обвинител, за Стоилковски Македонија е бразилска фавела

Избодениот струшки началник е брат на обвинител, а Македонија стана како бразилска фавела, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски прашан за случајот вчера во Струга кога беше прободен со нож началникот на полиција.

„Во која друга држава, началник на полиција инаку брат на обвинител, се прободува со нож, како во бразилска фавела или како во пресметка на клановите на Пабло Ескобар во Колумбија. Очигледно ДУИ и СДС од државата создадоа свои кланови кои сега се пресметуваат“, рече Стоилковски.

Тој нагласи дека поминаа 20 часа, а нема одговори, нема одговорност, нема акција за откривање на мотивите. А, тоа е така затоа што криминалот е во врвот на власта.



Слични Објави