| |

Каменот од Розета

Имам сериозен проблем како се сфаќа доаѓањето на животот во Македонија. Тоа стана особено видливо во предновогодишната еуфорија. Според кој закон, законите во Македонија не важат пред Нова година и за време на празници? Разбирам дека 11-годишното  владеење на ВМРО-ДПМНЕ со селективна правда и „пиштење вриштење“ кај политичките противници остави сериозни последици во тоа како се сфаќа почитувањето на законите. Ама па, не скапавме по улици цели две години уривајќи го режимот за вмровската селективна правда и селективна неказнивост да се замени со сдсмовска анархија. Скоро цел месец пред Нова година иако е со закон забрането, се пушеше во сите кафеани, се паркираше по тротоари, тревници, пешачки острови и коловози и масовно не се издаваа фискални сметки. И најстрашно од сѐ, не казнуваа ниту инспекциите, ниту полицијата… (Прочитајте го целиот напис овде)

Слични Објави