КАПИТУЛАЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕД ПРИВАТНО-ЈАВНО ПАРТНЕРСТВО ИЛИ НОВА НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА СО ВЕЌЕ ПОЗНАТ КРАЈ?

Во последниве денови сме сведоци на можеби уште една катастрофа кога се во прашање реформите во здравството, бидејќи министерот преценил дека оваа реформа му е потребна на нашето здравство а тоа е јавно- приватно партнерство. Министерот без јавни дебати помеѓу сите засегнати страни и стручни лица решава една многу осетлива хируршка гранка- детска кардиохирургија да ја префрли во приватен здравствен објект со државен и приватен здравствен кадар, без многу јаснотии околу тоа кој, колку, кому и зошто ќе плаќа?
Фондот за здравство како добродушна страна во овој случај излегува во пресрет да ги плаќа услугите на приватната болница, без да наведе суштински причини околу ваквото партнерство.

Додека се подготвува стартот на оваа авантура, чудни ветришта дуваат кон реформите за идната година. Ни трага ни глас од ветеното бесплатно здравство и подобра снабденост со лекови и други медицински помагала.

Почитувани колеги, исправете се и кажете го вашето мислење, не ја виткајте кичмата постојано! Вие доволно сте истрошени од постојаните реформи и неизвесноста која не следи веќе 28 години!
После секое потклекнување се потешко можеме да се исправиме.
Да бидеме ислушани од нашите колеги и со факти и докази да направиме добар почеток и исчекор со стабилни реформи во новата година.

Да направиме нешто подобро за сегашноста и иднината!

Автор: д-р Енсер Јусуфоски, потпретседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ