ЗНАЕ ДА ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И УРЕДУВА БЛОГОВИ: ИНТЕРВЈУ СО ТАЛЕНТИРАНИОТ ЕМРАХ ЈУСУФОСКИ

Интервју Истакнато Позиција

Осмооделенецот Емрах Јусуфоски е талентирано момче од Кичево кое во моментов живее во Скопје и учи во ООУ „Јан Амос Коменски“. Тој своето слободно време го посветува на едно интересно хоби – уредува два болга. На нив тој најчесто пишува совети и споделува интересни – научни факти и информации кои ги чита и смета дека ќе бидат привлечни за неговите врсници. Освен што е заинтересиран за науката и технологијата за него откривме и дека знае да пишува и чита на 7 јазици. Емрах за Hashtag.mk откри од каде ја добил идејата да започне свој блог, што прави во слободно време и која е неговата неостварена желба.

„Идејата да започнам свој блог ми е воедно и желбата со моите врсници да споделам научни информации што сум ги прочитал во некоја книга или сум ги нашол на Интернет.“, ни откри Емрах. (Целиот напис прочитајте го овде)

ФОТО: www.hashtag.mk