НОВА КОАЛИЦИЈА НА ПОВИДОК: АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА И ПЕИ ГИ ПРАТИЈА ВО ОПОЗИЦИЈА СДСМ И ДУИ ВО ДЕБАР.

Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница, за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуген Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците јавува Лидер.

Од вкупно петнаесет советници, колку што брои Советот, Цами освои осум гласа и тоа тројцата советници од неговата матична партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од Беса и еден советник од ПЕИ.

Тој на ова функција ќе биде до изборот на нов градоналаник,за што ќе бидат спроведени избори.

Досегашниот градоначлник Ружди Љата, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.

В.д.градоначалникот Цами се заблагодари на довербата и посочи дека ќе работи за доброто на граѓаните и општината. Цами е пензионер, роден 1940 година во Дебар, а има завршено виша педагошка академија.

Извор/ФОТО: Лидер