| |

Карабашлиев и Крстевски разговараа во Софија за романот „Опашката“

Дискусија посветена на романот „Опашката“ на Захари Карабашлиев се одржа на 14 јули во софиската Куќа за литература и превод. Во разговорот учествуваше и македонскиот поет и преведувач Душко Крстевски, а модератор беше доц. д-р Ани Бурова, јавува БТА.

Крстевски, кој работел повеќе дела од современи бугарски автори, во моментов работи и на романот„Опашката“. Тој изјави дека е „луксуз“ самиот да ја избере книгата што ќе ја работи и додаде дека веќе е приближно на половина од работата.

„Првиот роман на Карабашлиев што го работев– ‘18% сиво’, ме воодушеви уште при првото читање“, рече Крстевски. Според него, „Опашката“ обработува универзални теми, содржи елементи на класичен дистописки роман и потсетува на периодот на пандемијата.

Карабашлиев се осврна и на приемот на „18% сиво“ во Северна Македонија, нагласувајќи дека посебен впечаток му оставиле реакциите на универзитетските професори и книжевните критичари. Крстевски посочи дека во земјата веќе постои и предмет „Бугарска литература“, кој опфаќа автори од Паисиј Хилендарски до Захари Карабашлиев и Георги Господинов.

Писателот откри дека „Опашката“ првично била напишана како пиеса, а работата на текстот започнала уште во 2014 година, пред протестите и пандемијата. Откако пиесата не била поставена на сцена, тој ја преработил во роман.

„Во романот сум и сценарист, и драматург, и режисер“, рече Карабашлиев, оценувајќи дека „Опашката“ е неговиот најразличен роман и дека во неговото средиште е прашањето дали промената е возможна.

Слични Објави