КАРАЧИЌ: УБАВО Е ДА ВРАТИШ ДОМА, НО ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОИНАКУ…

Игор Карачиќ цели седум години беше миленик на навивачите на Вардар, но минатото лето реши да побара нов предизвик во кариерата и премина во редовите на Кјелце.

Хрватот денеска за прв пат гостува во Скопје во „Јане Сандански“ во друг дрес, а тоа сигурно ќе биде и емотивен момент за него, што го потврди и неговиот статус на социјалните мрежи.

„Секогаш е убаво да се вратам на некој начин во својот дом. Денеска работите се поинакви и за прв пат стојам против Вардар и ги бранам боите на Кјелце. Ние сме подготвени и нека почне спектаклот“, напиша Хрватот на својот „Инстаграм“.

Извор: Спорт1



Слични Објави