КАРАКАЧАНОВ: КАКО ДА НАПРАВИМЕ КОМПРОМИС СО ОНИЕ КОИ УНИШТУВАА НАШИ СПОМЕНИЦИ И ГИ РАСФРЛАА КОСКИТЕ НА НАШИТЕ ХЕРОИ?
„Низ сите овие години, бугарскиот воин, командант и офицер никогаш не му свртел грб на непријателот. Тие ја пролеваа својата крв за Добруџа, Тракија, Поморавието, Македонија за заедничкиот бугарски национален идеал – ова ги прави многу поголеми од сите оние кои потоа ги присвојуваа нивните заслуги“, изјави во својот поздравен говор по повод празникот на Националниот воен универзитет „Васил Левски“, министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада Красимир Каракачанов.
„Спомнувајќи ја Македонија, слушам некои наши партнери и т.н. јавни личности да не повикаат на „компромис“, да прифатиме дека сепак „работите се смениле“. За што да се прави компромис? Со оние 200 000 бугарски војници кои загинаа на боиштата во 1912-1913, 1915-1918, 1941-1944? Да заборавиме дека нивните деца, мајки, сопруги живееја тежок живот, бидејќи нивните сопрузи и синови починаа за заедничкиот бугарски национален идеал – дали треба да правиме компромис со тоа? Или да се направи компромис со оние кои неколку децении ги уништуваа бугарските воени споменици и ги расфрлаа коските на нашите херои. Со кого треба да ја споделиме нашата историја? Воспитаници на военото училиште се Гоце Делчев, полковник Дрангов, полковник Дарвингов, генерал Протогеров, вкупно 11 генерали од бугарската армија, десетици полковници, стотици офицери. Каков компромис треба да направиме – да ги наречеме други освен Бугари? Откако загинаа во редовите на бугарската армија за бугарскиот национален идеал. Убеден сум дека нема бугарско срце и нема Бугарин во чии вени тече бугарска крв кој е подготвен да го стори тоа“, вели Каракачанов во својот говор пред кадетите на Воениот универзитет во Велико Трново.