(Видео) Проф. д-р Павлов: Бугарската црква треба да биде моторот во преговорите за автокефалност на МПЦ-ОА

///

Треба да се свика еден сеправославен собор, кој да реши статусот на МПЦ-ОА како автокефална црква. Моторот на такви преговори, би требало да биде Бугарската патријаршија. Ова го изјави бугарскиот историчар проф. д-р Пламен Павлов во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.

„Македонската црква е достојна црква. Има достојни луѓе во неа. Јас познавам митрополити, монаси, монахини, станува збор за народ што верува. Во никаков случај тие луѓе не заслужуваат ваков однос со вакви празни декларации“, изјави Павлов во однос на недореченостите во соопштенијата на Вселенската патријаршија и СПЦ во однос на статусот на Македонската црква.

Павлов изјави уште дека архиепископот Стефан може да дојде во Софија за заедничко сослужување со бугарскиот патријарх Неофит.

„Архиепископот Стефан треба да дојде во Софија за да служи со дедо Неофит. Гестот треба да дојде од Охридската црква. За тоа нешто да се реши е потребен дијалог. Добронамерен дијалог, братски однос меѓу двете цркви. Во тој однос Неговата светост патријарх Неофит многу пати има дадено до знаење има исклучително позитивен однос кон нашите браќа во Македонија и кон црквата се разбира на прво место“, изјави проф. д-р Пламен Павлов.



Претходна статија

Министерката Славјанка Петровска во официјална посета на Бугарија

Следна статија

76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица

Најново од Вести