Карaкачанов загуби во Бугарија, но победи во РС Македонија
Коалицијата „Бугарски патриоти“ (ВМРО-БНД, Волја и НСФБ) не успеа да го помине цензусот од 4 % за влез во бугарскиот Парламент на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Освојувајќи 3,2 отсто според првичните резултати објавени од Централната изборна комисија на Бугарија.
Коалицијата на Каракачанов победи убедливо на изборните места во Македонија. Второ пласирана на гласањето во нашата земја е партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, а партијата на Слави Трифонов освои 8,53 отсто од гласовите.

